Во рамките на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“, синоќа со настап на неколку музички и играорни групи од Македонија и Србија, се одржа традиционалната „Влашка вечер“ каде свое обраќање имаше градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.
„Крушево е симбол на концептот на едно општеството за сите, каде обичаите од сите етнички групи се негуваат и промовираат. Во Крушево денес отворено зборуваме за македонската култура, за влашката култура, за албанската, турската и други. Доказ за тоа се низата настани кои ги организираме, а директно ги претставуваат Власите и сите етнички групи во општина Крушево“, истакна градоначалникот Христоски.
Во склоп на вчерашниот ден, беа промовирани книгата на екс градоначалникот на Крушево Иван Андре, ЦД со влашки песни, а се одржа и дебата на тема „Попис 2020 Win-Win“.