Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?

Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?

Покрај прекрстувањето на името и презимето на вајарот Димо Тодоровски во насловот, и во еден поднаслов од текстот, авторот напишал: „Димитрије Тодоров(ски)иќ (1910-1983) – прв јужносрпски и македонски вајар“.

Се посрбува ли основоположникот на современата македонска скулптура Димо Тодоровски? Во 56-тиот број на списанието „Слово“ од ноември 2022 година, кое се издава од Српскиот културно-информативен центар „Спона“, помеѓу останатите содржини, се објавува и текст со наслов „Уништено дело вајара Димитрија Тодоровића – Димета Тодоровског“.

Како што избројавме, од страна на приредувачот на текстот Милош Стојковиќ, барем во девет наврати во овој текст, познатиот македонски вајар Димо Тодоровски се посочува дека се презивал Тодоровиќ, додека во самиот наслов е именуван двојно, односно Димитрије Тодоровиќ и Диме Тодоровски.

Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?
Во текст од ноемврискиот број на „Слово“ Димо Тодоровски стана Димитрије Тодоровиќ; 

Насочувајќи се на авторството на споменикот „Кајмакчалански јунак“ што се наоѓал во селото Негорци во близина на Гевгелија, приредувачот на текстот ќе напише дека споменикот е дело на „Димитрија Тодоровиќ (Димо Тодоровски) првиот вајар од просторите на денешна Македонија“, додавајќи дека е „пионер на современата македонска скулптура и секако најзначаен јужносрпски вајар во меѓувоениот период“.

Покрај прекрстувањето на името и презимето на вајарот Димо Тодоровски во насловот, и во еден поднаслов од текстот, авторот напишал: „Димитрије Тодоров(ски)иќ (1910-1983) – прв јужносрпски и македонски вајар“.

Мета.мк успеа да обезбеди контакт со ќерката на македонскиот вајар Димо Тодоровски – Ана Тодорова, која во моментов живее во Битола. Во телефонскиот разговор, Ана Тодорова ни објасни дека не знае оти излегол од печат текст за вајарот Димо Тодоровски во „Слово“. Таа додаде дека од редакцијата на списанието не ја контактирале пред да се објави текстот за да ја консултираат или да побараат објаснување за творештвото на вајарот Димо Тодоровски.

На нашето барање да го искоментира именувањето на вајарот Димо Тодоровски во текстот како „Димитрије Тодоровиќ“, Ана Тодорова накратко ни рече дека Димо Тодоровски не е Србин, туку дека има потекло од прилепско семејство.

Одговори за објавениот текст за вајарот Димо Тодоровски во „Слово“ побаравме и од неговиот издавач, Српскиот културно-информативен центар „Спона“ од Скопје. Според објаснувањето што го доби Мета.мк, авторот е со две имиња и презимиња во насловот затоа што споменикот „Кајмакчалански јунак“ е од 1930 година. Од „Спона“ тврдат дека вајарот е така именуван, бидејќи тие ги пренесуваат оригинално изворите на информациите. Исто така, додаваат дека текстот во „Слово“ е скратен, а „поради практичност“ не се објавени изворите што биле користени за неговото создавање. Целосниот текст, со сите извори што биле користени, во целост е објавен на сајтот srbi.org.mk.

„Ако зборуваме за времето на настанување на споменикот и до Втората светска војна, едно негово име е наведувано во изворите, затоа и во насловот и во текстот се користат две презимиња. Ги наведуваме податоците од оригиналните документи и тука е исклучено личното толкување, повеќе станува збор за форма на пренесување на информациите. Самиот текст нема и не треба да има мотив да пишува за Димо Тодоровски, туку за уништеното дело кое е заборавено, необележано и незаштитено“, велат за Мета.мк од „Спона“.

Наспроти одговорите од „Спона“, македонскиот професор, историчар на уметноста и прв директор на Музејот на современа уметност во Скопје, Борис Петковски уште во 1981 година во научниот труд „Прилози за животот и творештвото на вајарот Димо Тодоровски“ ќе напише дека Димо Тодоровски имал чест и голема културно-историска одговорност да биде основач на модерната македонска скулптура. Секако, најпознато дело на Димо Тодоровски за пошироката јавност е Споменикот на Мечкин Камен, изработен во 1983 година.

Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?
Организирана прослава на македонскиот државен празник 2. Август на Мечкин Камен во Крушево;

Во однос на споменикот „Кајмакчалански јунак“ кај гевгелиското село Негорци, Борис Петковски ќе напише дека вајарот Тодоровски извел вистински творечки подвиг да го создаде својот прв споменик и првиот вајарски споменик во историјата на современата македонска скулптура.

„Драгоцена помош во проучувањето на околностите што доведоа до подигањето на споменикот во Негорци, ми пружи и професорот Слободан Мурџев од Гевгелија. Од неговите податоци произлегува дека на местото на веќе постојниот, граден од бугарскиот окупатор во Првата светска војна, новата власт по 1918 година настојувала да изгради свој споменик (откриен 1931). Тодоровски, како што произлегува, вајарски го дообликувал споменикот за таа цел“, се наведува во трудот на Борис Петковски.

Петковски за спомениците изградени во Македонија од периодот помеѓу двете светски војни ќе додаде:

„Не е суштествено само тоа што означуваат овие споменици. Несомнено: тематско-содржински тие ja изразуваа намерата на предвоената кралска власт да ja наметне во Македонија — и преку овој вид творештво — идејата на српскиот хегемонизам и национален шовинизам“.

Како дојдовме до списанието „Слово“?

Интересот на Мета.мк за „Слово“ започна од две трафики во центарот на Скопје, едната која се наоѓа спроти трговскиот центар „Рамстор“, а втората спроти „Палома Бјанка“. Меѓу печатените медиуми на српски јазик, забележавме дека списокот на достапни списанија е збогатен со уште издание – „Слово“. Продавачите ни напоменаа дека списанието е бесплатно и дека можеме слободно да го подигнеме од трафиката.

При разлистување на 56-иот ноемвриски и 57-иот декемвриски број на „Слово“, забележавме дека е наведено оти станува збор за „проект потпомогнат со ко-финансирање на Министерството за надворешни работи на Србија – Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот“. Но, исто така, забележавме дека ова списание и покрај тоа што е наведено дека се издава од „Спона“, не ги задоволува сите зададени критериуми од актуелната законска рамка за печатените медиуми во Македонија, односно нема објавено импресум, одговорен уредник, одговорно лице на списанието, тираж на списанието, назив на печатница и датум на печатење на „Слово“.

Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?
Важни детали недостигаат во непотполниот импресум на „Слово“ на „Спона“ во ноемврискиот и декемврискиот број од 2022 година; 

Од овие причини, Мета.мк се одлучи да ја праша Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) дали „Слово“ е впишано во Регистарот на издавачи на печатени медиуми во земјава, како и дали Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ќе изврши административен надзор врз редакцијата на „Слово“.

Од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за Мета.мк информираат дека: согласно член 5, став 1 од Законот за медиуми, „правно или физичко лице може во Република Македонија да врши дејност на издавање на печатен медиум доколку дејноста ја впише во Трговскиот регистар или во регистарот на други правни лица што ги води Централниот регистар на Република Македонија и има седиште и уредништво во Република Македонија“.

Исто така, од ААВМУ велат дека во став 6 од истиот член е утврдено дека податоците за фирмата и седиштето, односно називот и адресата на издавачот на печатен медиум, името и презимето на одговорното лице на издавачот на печатен медиум и името на весникот или магазинот, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги добива од Централниот регистар на Република Македонија, кој е должен во рок од пет дена од денот на извршена регистрација, истите бесплатно да ѝ ги достави.

„Централниот регистар досега нема доставено податоци за извршена регистрација на издавач на печатен медиум „Спона“. Агенцијата се обрати до „Спона“ со барање во Централниот регистар да ја впише дејноста “58,14- издавање на списанија и периодични публикации“, по што согласно Законот за медиуми ќе го евидентираме во „Регистарот на издавачи на печатен медиум““, информираат од ААВМУ.

Од ААВМУ додаваат и дека Законот за медиуми предвидува обврска за Агенцијата да го води „Регистарот на издавачи на печатени медиуми“, врз основа на податоците кои ги доставува Централниот регистар. Од Агенцијата посочуваат оти нивните надлежности во однос на печатените медиуми се ограничени, во согласност со членот 29 од Законот за медиуми, исклучиво преку вршење на административен надзор.

Во однос на нашето прашање до ААВМУ за исполнувањето на обврската за наведување на импресум и другите неопходни податоци како што го прават истото и сите други печатени медиуми што се издаваат во земјава, од ААВМУ велат дека надзорот дали издавачот на „Слово“ ја исполнува обврската за објавување импресум, предвидена во членот 14 од Законот за медиуми, Агенцијата ќе го спроведе на следното издание.

Мета.мк побара одговори и од Српскиот културно-информативен центар „Спона“ во однос на „Слово“. Од „Спона“ велат дека „Слово“ не претставува медиум, туку гласник на нивната невладина организација. Според ова, тие не знаат по која основа би го регистрирале нивниот гласник што е во согласност со дејноста според која се регистрирани во Централниот регистар. Од „Спона“ додаваат дека не вршат дистрибуција по трафики низ земјава, туку го испраќаат до конкретни целни групи – во заедниците каде што живеат припадници на српското малцинство преку карго, а бесплатни броеви од списанието може да се подигнат и во седиштето на „Спона“ што се наоѓа спроти трговскиот центар „Рамстор“ во центарот на Скопје.

„Во однос на вашето прашање за неговото појавување на одредени продажни места, може да се напомене дека немаме конкретни сознанија за такво нешто, доаѓаат поединци кои земаат поголем број на примероци, но не истражуваме ниту испрашуваме со која намена и цел е тоа. Доколку некои наши членови, го споделуваат или оставаат на своја добра волја, кај некој познаник/роднина во одреден киоск/трафика, на тоа не можеме да влијаеме, не вршиме таква контрола“, објаснуваат од „Спона“.

Со самото тоа што не се печатен медиум, велат од „Спона“, немаат обврска да објавуваат импресум, односно одговорен уредник, тираж, назив на печатницата каде се печати „Слово“, датум на печатење и одговорно лице на медиумот. Од „Спона“ велат дека еден месечен број на „Слово“ бил печатен во 1.000 примероци. Јануарски и февруарски број на „Слово“ немало да има, додека не дојде одобрување на нови средства за издавање на списанието од страна на српското Министерство за култура или за дијаспора или од македонското Министерство за култура каде што упатиле апликација.

„Оваа година, ако никому не е интересен како проект, можеби и нема да се издава“, додаваат од „Спона“.

Мета.мк ги пребара и одлуките на српското Министерство за надворешни работи (МНР), со кои е донесена одлука за кофинансирање на „Слово“ на „Спона“. Утврдивме дека Управата за соработка со дијаспората и Србите во регионот донела две одлуки кои може да се најдат на нивната веб-страница. Во официјалната одлука на српското МНР, „Слово“ е именувано како „часопис“, односно на македонски, списание или магазин, а не како гласник.

Како вајарот Димо Тодоровски во списанието „Слово“ на „Спона“ стана Димитрије Тодоровиќ?
Извор: Донесената Одлука за кофинансирање на проекти на српското Министерство за надворешни работи

Првата одлука за финансирање на „Слово“ од српското МНР е од 4 октомври 2021 година, со која на Српскиот културно-информативен центар „Спона“ му се доделени средства во висина 600.000 српски динари за списанието „Слово“. По неколку месеци, на 11 април 2022 година е донесена и уште една одлука за кофинансирање на проекти.

Со втората одлука од април минатата година, на „Спона“ за списанието „Слово“ ѝ се издвоени 500.000 српски динари.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

СДСМ со повик за лидерска средба за стабилност

Прес-конференција na Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ Почитувани граѓани, Нашето општество се соочува со исклучително …