Во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово ќе бидат организирани тематски настани, со кои ќе се покријат најважните теми, кои ги интересираат граѓаните
Под мотото „Ние сме Европа“, Владата и Секретаријатот за европски прашања, од 30 Август до крајот на септември ќе спроведат кампања во осум градови во земјата посветена на приближување на целта за влез во ЕУ до граѓаните, најави денеска вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.
Во Скопје, Струмица, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип и во Куманово ќе бидат организирани тематски настани, со кои ќе се покријат најважните теми, кои ги интересираат граѓаните.
„Целта на овие настани е да им ги претставиме на граѓаните придобивките од брзото членство во ЕУ, неопходните реформи кои треба да ги направиме и начините како членството ќе го зајакне нашиот идентитет, јазикот, посебноста, развојот и мултиетничкиот карактер на земјата“, рече Маричиќ.
Првиот настан од кампањата ќе биде организиран во Скопје на 30 август, ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски и ќе се зборува на тема економија. Во Струмица ќе се дискутира за социјалните прашања, во Прилеп за земјоделие, во Битола за култура, во Охрид за туризам и животна средина, во Тетово за млади, во Штип за инфраструктура и во Куманово за енергетика.