Каракачанов: Никаквеци во Стејт Департментот виделе Македонци во извештаите на соросоидни организации

Каракачанов: Никаквеци во Стејт Департментот виделе Македонци во извештаите на соросоидни организации

Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, како и претседател на националистичката ВМРО-БНД, коментирајќи го последниот годишен извештај на Стејт департментот за човековите права, вчера за „Пик.тв“ искажа огромно незадоволство и навреди за забелешките дадени за земјата, посебно во поглед на тоа дека во Бугарија има етнички Македонци на кои не им е дозволено да регистрираат свои здруженија.

„Тие ја гледаат Бугарија како Занзибар, не ги знаат проблемите и си пишуваат нешто. Да ги прашам овие никаквеци во Стејт Департментот на САД какво е тоа македонско малцинство – тие гледаат некои извештаи од соросоидните организации и НВО-а што се издржуваат од грантови, коишто тие ги потхрануваат, за да плукаат по Бугарија. Шизофренијата американски чиновник да ја тера Бугарија да признава такви нешта не е прифатлива“, порача Каракачанов остро.

Тој ги нарече луѓето до ОМО „Илинден“ „платеници на Скопје“.

„Кои се тие во ОМО ‘Илинден’ – сите се на платен список на Скопје, тоа е платено ‘малцинство’, кое нѐ тераат да го признаеме“, се жестеше Каракачанов.

Бугарскиот вицепремиер рече дека САД си ја зацврстува својата државност, а ја тера Бугарија да ја разурнува нејзината.

„Какви репресирани Македонци има во Бугарија?! Некои си пишуваат извештаи – нека пишуваат што сакаат. Тие нека воведат тексашко малцинството и аризонско малцинство. Само што, политиката таму е да ги интегрира сите и да ги направи Американци. И зошто тие да ја зајакнуваат својата државност, а ние ја разурнуваме“, рече Каракачанов.

Стејт Департментот на САД во годишниот извештај за состојбата на човековите права во Бугарија наведуваат дека бугарските власти и покрај пресудите на Европскиот суд за човекови права одбиваат да ги регистрираат здруженијата на Македонците во Бугарија.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Мијалков

Нов обид за продажба на становите на Мијалков, година без конфискуван имот од крупни предмети

Агенцијата за управување со одземен имот во повторена постапка ќе се обиде да продаде дел …