Кети Стевананџија: Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата

Кети Стевананџија: Инвестициите во образованието се инвестиции во иднината на државата

Прес-конференција на Кети Стевананџија, член на Извршниот одбор на СДСМ – Прилеп

Почитувани,

Во изминатите 7 години власт на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на централно и 4 години на локално ниво, како никогаш порано, прилепските училишта доживеаја вистинска ренесанса.

Инвестициите во основните и средните училишта во општина Прилеп од страна на Владата и претходната локална власт предводена од СДСМ, се мерат во милиони евра.

Целосна реконструкција на училишни згради, опремување, уредување и адаптација на предметни кабинети и работилници, изградба на нова училишна спортска сала и спортски игралишта, нова дограма, информатичка технологија и нагледни средства.

Вкупните инвестиции на Владата и Министерството за образование во прилепските основни и средни училишта, ја достигнаа сумата од близу 3.000.000 евра, а вложувањата на поранешната локална власт изнесуваат над 1.600.000 евра.

Сите споменати реконструктивни зафати и изнесените вкупни суми инвестирани во прилепските училишта се факти, за кои најдобро сведочат учениците и севкупниот наставнички кадар.

Од владините мерки реализирани на централно ниво, неизбежно треба да се потенцираат:

  • воведениот субвенциониран оброк за повеќе од 30.000 студенти;
  • двојно зголемените стипендии за ученици и студенти;
  • реконструираните и изградени 120 училишта;
  • стипендиите за студенти на математика, физика, македонски јазик и на земјоделскиот факултет, во висина од 18.000 денари на месечно ниво;
  • 820-те образовни асистенти за работа со деца со потешкотии;
  • дуалното образование со вклучени 560 компании и 8.240 ученици со стипендирање и работно место.

Конечно, со зголемувањето на платите на наставниците и професорите за 65 отсто, исплатата на регрес за годишен одмор и овозможениот кариерен развој, Владата на СДСМ се погрижи за враќање на достоинството на наставничката професија.

Секоја споредба на нашите политики со неуспешните образовни експерименти во 11-годишното владеење на ДПМНЕ на централно, и безидејноста во имплементацијата на образованието на локално ниво, се беспредметни.

Бидејќи за нас, за Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, инвестирањето во образовниот процес е инвестирање во иднината на државата!

Прочитајте повеќе

Над шест илјади странски работници лани добиле дозволи во Северна Македонија

Над шест илјади странски работници лани добиле дозволи во Северна Македонија

Вкупно 6.128 странски работници добиле дозволи за привремен престој во Северна Македонија. Тоа е за …