киев

Киев втора ноќ под воздушни напади, руски ракетни носачи во Црното Море на готовс

Во воздушни напади утрово, Русија погоди воена цел во западниот украински регион Хмелницки, а спасувачите сè уште се борат да ги локализираат пожарите, јавува „Гардијан“.

Повикувајќи се на изјава на регионалниот гувернер на Хмелницки на апликацијата за пораки Телеграм, Ројтерс објави дека во моментов се ставаат под контрола пожарите во складишта за гориво и муниција.

Во меѓувреме, украинскиот главен град ја издржа втората ноќ со воздушни напади, откако вчера го претрпе најголемиот напад со беспилотни летала од почетокот на руската инвазија минатата година. „Гардијан“ пишува оти во тој напад загинаа две лица, а утрово сирените за воздушен напад во Киев се огласија повторно.

Укринформ објави дека во синоќешните напади на Киев се оштетени станбени куќи и инфраструктурни објекти во повеќе области.

Русија го нападнала украинскиот главен град со беспилотни летала и ракети Кх-101/555, а началникот на главната дирекција на Националната полиција на Украина во Киевската област, Андриј Нибитов, рече оти украинските сили за воздушна одбрана уништиле 40 непријателски цели.

Укринформ објави и дека синоќа руските трупи 67 пати го нападнале регионот Херсон, истрелувајќи 300 проектили со минофрлачи, артилерија, тенкови, беспилотни летала и авиони. Едно лице е повредено како резултат на нападите.

Украинската новинска агенција јавува и оти утрово два руски ракетни носачи влегле во Црното Море за кои се верува дека имаат до 16 крстосувачки ракети од типот „Калибр“.

„Сега има шест непријателски воени бродови во Црното Море и еден во Азовското Море. Ракетната закана останува доста висока“, нагласува украинската оперативна команда Југ, повикувајќи ги Украинците да не ги игнорираат предупредувањата за воздушни напади, пренесува Укринформ.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

Трамп пред суд: Прв кривичен процес против екс-претседател

За првпат во американската историја денеска почнува кривичен судски процес против еден поранешен американски претседател. …