млади работа

Сто млади лица може да се пријават за пракса, ќе добиваат 150 фунти месечно бруто

Сто млади лица ќе имаат можност да се стекнат со практично работно искуство во времетраење од два месеци преку практикантската програма која Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја спроведува во рамки на проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите“. За да учествуваат во програмата, младите треба да се пријават дека се заинтересирани за практикантство, а потоа НМСМ ќе делува како посредник помеѓу нив и правните субјекти, односно ќе селектира соодветен практикант согласно потребите на правниот субјект.

„Практикантите кои ќе се вклучат во програмата ќе добијат месечен бруто надоместок во висина од 150 фунти, а ќе се стекнат и со нови вештини, знаења и компетенции. Сите млади кои се заинтересирани за практикантство треба да имаат регистрирано профил на платформата CareerHub и да го пополнат овој формулар најдоцна до 18 јуни 2023, до полноќ“, наведено е во соопштението од НМСМ.

Проектот „МладиХаб – надминување на нееднаквоста помеѓу младите” го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија – НМСМ и мрежата „Стела“, со финансиска поддршка од страна на Британската амбасада во Скопје. Целта на проектот е да ги поддржи и поттикне девојките и младите жени да бидат поактивни во општеството, да креира поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки на локално и национално ниво.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Компилациската плоча содржи песни од млади современи македонски поп артисти и беше еден од последните …