Киевскиот регион повторно ракетиран

Киевскиот регион повторно ракетиран, оштетени деловни објекти и автомобили

Продолжиле и руските напади врз пристаништето Измаил на реката Дунав во регионот Одеса, при што едно лице го загубило животот

Од парчињата на уништени руски ракети ноќеска, во регионот Киев биле оштетени деловни објекти, приватни автомобили и фасади на згради, како и еден камион и еден булдожер, соопшти Киевската регионална воена управа, пренесува украинската државна новинска агенција ukrinform.net.

Руските агресорски сили истрелувале ракети во период од два часа, при што дејствувала украинската противвоздушна одбрана. Не биле погодени критично важни или станбени објекти и нема жртви, но парчињата од пресретнатите и уништени руски ракети ги предизвикале погоренаведените штети и предизвикале и пожари на исушена вегетација.

Според украинските вооружени сили, сите истрелани руски ракети биле уништени.

Продолжиле и руските напади врз пристаништето Измаил на реката Дунав во регионот Одеса, при што едно лице го загубило животот. Во ноќната акција била уништени пристанишна и земјоделска инфраструктура. Измаил е едно од најголемите пристаништа на Украина за извоз на жито и други земјоделски производи. Украина тврди дека руски ракети паднале на територијата на Романија, но Романија ги негираше таквите наводи.

Измаил, кој е на самата граница со Романија, беше цел на жестоки руски напади и пред два дена.

Борбените дејствија продолжија и на други територии долж линијата на фронтот, а засега нема извештаи за загинати цивили.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски одржа состанок на врховните команданти на оружените сили, за да се направи план за подготвеност за енергетските капацитети. Зеленски нагласил дека ќе треба многу да се работи, а сите присутни на состанокот добиле конкретни задачи.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската армија нареди евакуација пред операцијата во Рафа

Израелската војска им наредила на Палестинците кои живеат во населбите во Источен Рафа, во близина …