Кина: Историски трет мандат за Ши Џинпинг

Кина: Историски трет мандат за Ши Џинпинг

Моќ како Ши Џинпинг немал ниту еден кинески лидер уште од времето на Мао Цетунг. Ши сака да ја направи владата поефикасна и да ја подготви Кина за растечкиот ривалитет со САД.

Народниот конгрес на Кина изгласа трет мандат за шефот на државата и лидер на партијата Ши Џинпинг. На годишниот состанок во Големата сала на народот во Пекинг, 2.952 делегати едногласно се изјаснија за продолжување на мандатот на Ши на чело на државата и војската за уште пет години. Одобрено е и најголемото реструктуирање на владата во последната деценија, кое има за цел да ја зајакне втората по големина економија во светот за меѓународен натпревар, особено со САД.

Со третиот мандат Ши ја зацементира својата моќ и стана најважната водечка фигура во Кина по Мао Цетунг. Темелите за тоа тој ги постави уште во 2018 година, кога успеа да издејствува укинување на лимитот на претседателски мандати. Својата моќ ја прошири во октомври минатата година, кога доби нов петгодишен мандат на функцијата Генерален секретар на Централниот комитет на владеачката Комунистичка партија.

Аплауз на делегатите на Народниот конгрес за Ши Џинпинг
Аплауз на делегатите на Народниот конгрес за Ши Џинпинг

Во наредните два дена на врвни позиции во владата треба да бидат именувани или избрани лојални следбеници на Ши. Меѓу нив најверојатно ќе биде и поранешниот лидер на партијата во Шангај, Ли Чијанг, кој би требало да го наследи премиерот Ли Кечијанг, кој утре (11.03) заминува од функцијата.

Ши треба да одржи говор на завршувањето на Народниот конгрес, во понеделник. На почетокот на неделава тој ги обвини САД и нивните западни сојузници за тешкотиите на кинеската економија и на владата во Вашингтон ѝ префрли политика на угнетување на Кина.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го одобри Планот за раст за Западен Балкан

Европскиот парламент го изгласа Планот за раст за Западен Балкан, што е досега најамбициозниот финансиски …