Кој за кого одработува? Мицкоски и Груевски јавно се испокараа

Кој за кого одработува? Мицкоски и Груевски јавно се испокараа

Јавните препукувања меѓу актуелниот и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ доаѓаат по подолготрајните шпекулации во јавноста дека Христијан Мицкоски не е во добри односи со Никола Груевски, во кого пак голем број од членството има доверба до денешен ден

Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го обвини поранешниот лидер Никола Груевски дека е во тајна комуникација со владата за да се подели опозициската партија и за да се протуркаат уставните измени, додека Груевски му врати на Мицкоски дека ќе треба да одговори јавно на две прашања.

Мицкоски во изјавата за новинарот на германскиот весник тврди дека Груевски се наоѓа во тајна комуникација со владата. Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ вели дека доколку не се прифати неговиот предлог за одложена примена на уставните измени, тогаш нема да има никакви промени на уставот.

На ваквите обвинувања од Мицкоски вечерва му одговори Никола Груевски, кој преку Фејсбук побара од Христијан Мицкоски јавно да одговори на две прашања, и тоа прво дали е точно дека тоа го кажал во изјавата за германскиот медиум, и второ, доколку е точно, дали може лично тој јавно да каже со кој негов потег, изјава, натпис или било што Груевски се обидел да ја подели партијата и да даде доказ дека тој прифатил валкана игра со власта, која требало да ја спроведе со помош на приврзаниците на Груевски во партијата.

„Се надевам дека одговорот ќе е јасен, недвосмислен, директен и личен исто како и изјавата, без префрлање на изјави на преставници на партијата, портпароли, давање брифинзи на портали или други медиуми со кои има блиска соработка“, вели Никола Груевски во својата објава на Фејсбук.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …