Колегиум на МКЦ: Директорот Богоев е разрешен затоа што одби да потпише вработување за Арбен Шаќири

Колегиум на МКЦ: Директорот Богоев е разрешен затоа што одби да потпише вработување за Арбен Шаќири

После два месеца откако му ја доделија наградата „13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, а по повод 50-годишниот јубилеј на МКЦ, вчера скопската градоначалничка Данела Арсовска го разреши в.д. директорот Ванчо Богоев, кој 36 години е дел од институцијата. Причина за разрешувањето, е неговото одбивање да потпише вработување за Арбен Шаќири.

На местото на разрешениот Богоев, назначен е Никола Алексов, дипломиран детектив, кој во МКЦ е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања, без никакво искуство во културна институција.

По тој повод, Програмскиот колегиум на МКЦ до јавноста се обрати со официјално соопштение, кое го пренесуваме во неговата интегрална форма:

Почитувани,

Деновиве МКЦ повторно е на мета на партиските игри, информација која веќе е пласирана во јавноста.

Во попладневните часови вчера, постоечкиот в.д. директор на МКЦ, Ванчо Богоев кој е 36 години е дел од институцијата и кој со својот едвај целогодишен мандат продолжи во насока на растење и одржување на програмата на МКЦ, беше сменет од својата позиција поради неподлегнување на екстремните притисоци од Генералниот секретар на Град Скопје да потпише вработување за Арбен Шаќири.

Бидејќи, сега веќе екс директорот на МКЦ не ја потпиша таа одлука, од утре МКЦ има нов в.д. директор, Никола Алексов, дипломиран детектив, кој е примен пред два дена преку Агенција за привремени вработувања во МКЦ без никакво искуство и позадина во културна институција.

И покрај признанието кое дојде како круна на нашето работење со наградата “13 Ноември” за заслуги во областа на културата и масовната посетеност, можеби и најголема во историјата на институцијата по повод 50 годишниот јубилеј, годината почна со лоши вести за иднината на МКЦ. Првата е онаа дека буџетот ни е доведен до само 8% од годишниот буџет со кој работевме минатите години, а веднаш потоа и последните случувања во начинот на инсталирање на директор во МКЦ.

Овој допис доаѓа како потреба за разјаснување на ситуацијата која се наметна, истовремено и поради сомнежот во законитоста на овие решенија бидејќи со ова, се одбегнува повторно можноста да јавно се спроведе отворен конкурс за директор, на кој отворено и транспарентно би можеле да се пријават сите квалификувани професионалци од областа на културата.

Со почит,

Програмскиот колегиум на МКЦ

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Ковачевски: Нашата борба за европска Македонија продолжува, никогаш нема да се откажеме од европската иднина

Денес е тежок удар за европската перспектива, но, се уште не е доцна да се …