Колку сме, толку сме, (не)токму сме

Колку сме, толку сме, (не)токму сме

Уште пред да се објават пописните резултати првите предупредувачки топовски салви се веќе испукани. Припадноста на државата не се мери со проценти и колку не има различни,туку колку сме еднакви во правата и пред законот.

Автор на колумната: Ерол Ризаов

По објавувањето на резултатите од пописот наредните денови не очекуваат силни расправи, застрашувања, разочарувања и обвинувања за нови предавства на нациналните интереси и закани за идентитетските посебности. Уште пред да се објават резултатите првите предупредувачки топовски салви се веќе испукани.

Најголемата стопанска мирновременска операција ќе биде жешка политичко партиска пропагандна тема број еден подолго од три дена, колку што траат сите чуда кај нас. Меѓутоа, бројките од нагазната мина колку сме, кои сме и што сме ќе се активираат секогаш по потреба штом некој згазне на минското поле на етничките поделби, колективните и веќе стекнати права. Се така до следниот попис по 10, 20, или 30 години, поточно до денот кога ќе созрее сознанието дека припадноста на државата не се мери со проценти и колку не има различни, туку колку сме еднакви во правата и пред законот.

Со други зборови додека не се изгради вистинско уставно гарантирано и граѓанско општество каде сите граѓани припаѓаат на Македонија подеднакво, без оглед на националната и етничка припадност, дотогаш опасноста од поделба на државата ќе биде постојана закана. Првиот чекор во таа насока е неопходноста од бришење на процентите од Охридскиот договор и изедначување на сите конститутивни етнички заедници кои живеат во Македонија.

Ексклузивните прва на едни обесправуваат други

Ексклузивните колективни права со над 20 проценти и помалите права со под 20 проценти како предуслов и праг за рамноправна застапеност се претвораат во обесправување на сите други кои живеат во Македонија, а се помалку од 20 проценти. Така, станавме веројатно единствена држава во светот која има помалку од два милиона жители, а  која во својот устав ги набројува засега конститутивните народи Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи и Роми. По таа аналогија оправдано се очекува да бидат внесени и Црногорци, Хрвати, Бугари, Египјани, Македонци муслимани и сите други кои живеат во Македонија.

Со изедначување на правата и воспоставување на граѓанско општество ваквото уставно набројување на националната и етничката припадност е непотребно во држава која припаѓа подеднакво на сите. Се разбира, тоа е лесно да се напише во било кој устав, но тежок, долг и скап процес на демократизација е да се изгради таква свест кај мнозинството граѓани кои се подготвени да прифатат таква определба.

Во поновата историја на национални држави има многу идеални граѓански устави, дури и кај членки на Европската унија кои се сметаат себеси за развиени демократии каде еднаквоста е запишана само во уставот, а сите идентитетски, национални, јазични, културни и верски посебности се само за по дома. Во името на таквите граѓански устави во блиско минато бевме сведоци и во нашата поранешна држава на крвави војни, разорувања и геноциди, каде милитантниот национализам беше изедначен со највисок степен на патриотизам.

Целиот текст ТУКА

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …