Во Истанбул преговори меѓу Украина и Русија

Во Истанбул преговори меѓу Украина и Русија

Денеска во Истанбул треба да почнат дводневни преговори меѓу украинските и руските претставници со цел да се стави крај на војната. Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Таип Ердоган се договорија во неделата во телефонски разговор Истанбул да биде домаќин на разговорите, за кои Анкара се надева дека ќе доведат до прекин на огнот во Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина може да прогласи неутралност и потенцијално да прифати компромис за спорните области на истокот на земјата.

Тој додаде дека може да ѝ понуди безбедносни гаранции на Русија, кои ќе обезбедат мир без одлагање и дека само средба лице в лице со рускиот лидер Владимир Путин може да стави крај на војната.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера изјави дека средба меѓу двајцата претседатели може да има, но откако преговорите ќе ги постигнат клучните елементи на потенцијалниот договор. Претходните разговори, не ѝ ставија крај на војната во која загинаа илјадници и мигрираа повеќе од 10 милиони Украинци, вклучително и речиси 4 милиони кои ја напуштија земјата. Турција, која е членка на НАТО, има блиски односи и со Украина и со Русија. Претходно овој месец беше домаќин на состанокот на министрите за надворешни работи на двете земји.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

„Челичниот брат“ Ши во Србија

„Челичниот брат“ Ши во Србија

Претседателот Ши Џинпинг пристигнува во Белград на симболичен датум. Во Србија кинеските компании имаат бројни …