Влада

На дневниот ред на Владата една редовна и една тематска седница

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 34 седница, на која ќе разгледува повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата која ќе започне во 12:30 часот, меѓу другото, ќе бидат разгледани програмите за изменување на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година и на Програмата за спроведување на интервентниот фонд во земјоделството, на предлог на ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

На дневен ред за разгледување е и Предлог-закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за взаемно признавање на одобренија за овластен економски оператор – безбедност и сигурност (ОЕОС).

Пред редовната, со почеток во 12:00 часот, закажана е тематската 33-та седница на Владата, на која ќе се разгледува Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамките на ИПА 3, инструмент за претпристапна помош.

Прочитајте повеќе

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Наративите на ВМРО-ДПМНЕ за Пендаровски се главно проблематични и кокетираат со невистини

Поентата што сака да ја постигне противничката партија е дека Пендаровски, всушност, не е човек …