Колони на граничните премини со Грција

Колони на граничните премини со Грција

На граничниот премин „Богородица“ на границата меѓу Северна Македонија и јужниот сосед Грција, за излез од земјава се чека час и половина, а на граничниот премин „Дојран“, исто така на македонско – грчката граница, се чека околу еден час, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Грција, која излегува на две мориња, е една од најпосакуваните туристички дестинации за граѓаните на европските земји, и за граѓаните од регионот, кои транзитираат низ Македонија, за да стигнат на море во Грција.

Во ек на туристичката сезона долгите колони и неколкучасовните чекања се карактеристични за граничните премини на македонско-грчката граница.

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјава.

Прочитајте повеќе

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Судењето за пожарот во „Пулс“ се одлага за 26 јануари по барање на новоизбраната членка на Судскиот совет

Основниот кривичен суд Скопје информира дека главната расправа за предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“ …