Концерт на квартетот „Полихимниа“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Концерт на квартетот „Полихимниа“ во ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп

Во рамките на одбележувaњето 40 години од формирањето на Домот на културата „Марко Цепенков“, во среда 13 ноември 2019 со почеток во 19 часот во изложбениот салон на Центарот, концерт ќе одржи квартетот „Полихимниa“.

Квартетот „Полихимниа“ го започнува своето делување во 2017 година, како идеја која се вродува по реализацијата на проектот „Професорите и учениците камерно музицираат“.

Во квартетот „Полихимниа“ настапуваат  Николина Е. Тодоровска- флејта, Риана Рамиз- виолина, Маре Видевска- виолончело и Верица Шотаровска- пијано, професори во УОМУ „Панче Пешев“- Куманово и ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“- Скопје. Тие се активни изедувачи, професори со богата биографија и бројни успеси, имаат освоено многубројни награди со своите ученици и се дел од жири комисии за категорија соло флејта, виолина, виолончело, пијано и камерна музика на државните и меѓународните натпревари.

Гости на концертот во прилепскиот ЦК „Марко Цепенков“ ќе бидат сопранот Ана Митовска и мецосопранот Катерина Попоска.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …