КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКИ БРАС КВАРТЕТ ВО РЕСЕН

КОНЦЕРТ НА МАКЕДОНСКИ БРАС КВАРТЕТ ВО РЕСЕН

Јавната установа Дом на културата „Драги Тозија“ во Ресен, имаше ретка и убава можност да биде домаќин на Македонскиот брас квартет, составен од четворица музичари, вработени во Национална Опера и Балет, Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна и Владан Дробицки – тромбон.

Настапот на четворицата уметници во ресенскиот Сарај, привлече големо внимание кај публиката, а беа изведени дела од времето на барокот, преку класицизмот, па се до прекрасното аргентинско танго. Директорот на установата Васко Василевски, најави дека утре ќе ќе се вклучват во  хуманитарната акција за помош на 20 годишниот Дарко Циревски од Ресен, веќе утре.

„Во кино салата во рамките на Домот на културата, ќе биде изведена монодрамата ‘Пауна’, по текст на Мирјанка Ристеска Селчанец. Режисери на претставата се Сотир Чаушевски и Даринка Веслиевска од Ресен, а кореографијата е на Виолета Колодезни. Монодрамата ја изведува Сара Марковска, 16 годишна ученичка од Ресен, која неодамна се закити со наградата млад актер на годинешниот 17.Интернационален фестивал ‘Актерот на Европа’, рече директорот Васко Василевски.

Тој истакна дека публиката навистина ужива во настаните во кои Домот на културата се јавува како организатор, но и како коорганизатор, како во случајот со настапот на Македонскиот брас квартет, чиј настап е реализиран како дел од програмата на Министерството за култура.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …