Координативното тело ги разгледа измените на Законот за рестриктивни мерки за субјекти санкционирани од САД

Координативното тело ги разгледа измените на Законот за рестриктивни мерки за субјекти санкционирани од САД

Координативното тело за анализа и зајакнување на легислативата во борбата против корупцијата и организираниот криминал денеска одржа состанок на кој се разгледуваше можноста за зајакнување на рестриктивните мерки во однос на листата на санкции на Соединетите Американски Држави.

Предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки е на иницијатива на заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, со цел да се овозможи санкциите изречени од САД, кои се однесуваат на  корупцијата,  организираниот криминал, тероризмот и хибридните закани,  да можат да се применат и во нашата држава и опфатените субјекти да подлежат на санкции согласно домашното законодавство.

Присутните се согласија околу потребата да се изготви ефективно решение со кое ќе се прошири опсегот на листата на санкции и ќе се дополни законот со процедура врз основа на која изречените санкции од САД ќе бидат процесирани во нашето законодавство.

Поддршката на САД како докажан сојузник на Република Северна Македонија е од огромно значење, како и напорите на американската влада за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот.

Координативното тело заклучи дека по консолидацијата на забелешките и предлозите од членовите кои се дискутираа на денешната седница, предлогот за измени на Законот за рестриктивни мерки да се достави до Владата и да биде разгледан и усвоен на некоја од наредните седници.

На денешниот состанок, со кој претседаваше вицепремиерката Грковска, учествуваа вицепремиерот за европски прашања, министрите за надворешни работи, одбрана и финансии, директорите на Агенцијата за национална безбедност,  Агенцијата за разузнавање, Управата за јавни приходи, Управата за финансиско разузнавање, Царинската управа и Финансиската полиција, како и претставници на министерствата за внатрешни работи и правда.

Прочитајте повеќе

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Административци не сакаат да спроведуваат избори, сакаат да празнуваат

Реална потреба или празниците и распустот ги натераа административците да се повлекуваат од членството во …