Костадинов: На државата и’ е потребна нормализација за да не го напушти демократскиот пат и да западне во ретроградни процеси

На седниците на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор на СДСМ се отворија многу прашања, но имајќи го предвид моментумот во кој се наоѓаме едногласно препорачавме претседателот на партијата и премиер Зоран Заев да ја одложи оставката, истакна претседателот на ЦО, Перо Костадинов во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Тој додаде дека на седниците во конструктивна и демократска атмосфера е разговарано за сето она што претставува реална состојба во државата во моментов.

Прашањето за резултатите од локалните избори секако дека во иднина ќе се отвори, но во моментов има поважни прашања и затоа ЦО препорача Заев да ја одложи оставката, истакна Костадинов, додавајќи дека одлуката на претседателот Заев е негова лична одлука и се почитува.

Тоа е одлука што кај нас првпат се случува од позиција на власт, тоа е голем чин, но имајќи ги предвид состојбите, потребна е нормализација, рече Костадинов.

Тој нагласи дека граѓаните треба да се потсетат како се живеело пред само четири до пет години, а сега процесите во државата течат во вистинска насока и ги повика сите што имаат функции да се заложат за процесите што значат европски стандарди.

Имате неконзистентност од другата страна, беа патриоти до првата плата, а сега велат дека има нова реалност. Треба да бидеме искрени кон електоратот, рече Костадинов.

Тој нагласи дека СДСМ испрати пораки на обединување и партијата дополнително ќе се реорганизира наредниов период.

Верувам дека патот што е трасиран изминатиот период ќе го задржиме и не сакам да верувам дека повторно ќе имаме процеси на назадување и периодот на убиство на духот на младите повторно да се врати, истакна Костадинов.

Тој изрази уверување дека пратениците ќе го препознаат, особено оние што со биле во коалиција со СДСМ, демократскиот пат, бидејќи во спротивно на долг рок ќе си наштетат лично себе, но и на државата,

Верувам дека државата нема да го напушти демократскиот пат и да западне во ретроградни процеси, порача претседателот на ЦО, Перо Костадинов во гостувањето на „Утрински брифинг“.

Прочитајте повеќе

Љупчо Николоски: Ако сакаме нашите граѓани да бидат спокојни, мора да покажеме дека сме обединети околу најважните и стратешки приоритети во земјоделието

Отворено писмо од министерот Љупчо Николовски до Христијан Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата …