Ковачевски: Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки

Ковачевски: Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки

Одговарајќи на новинарско прашање за последната одлука на САД за црната листа, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, го повика пратеникот Антонио Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат Законот за рестриктивни мерки во Собранието.

  • Се работи за одлука која ја носат американските институции, а кои тие ги носат врз основа на информациите со кои располагаат. Со оглед на тоа дека САД се наши стратешки партнери исто како и ЕУ, Владата подготви закон за рестриктинвни мерки којшто е поднесен до Собранието. Го видовте соопштението од СДСМ, јас можам да повторам, дека го повикувам пратеникот Антонио Милошоски и неговата политичка партија ВМРО – ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура. Бидејќи очигледно е дека тој од некаква причина го блокира да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен. Доколку не планираат да го стават, тогаш треба да кажат од кои причини не сакаат законот да биде донесен во Собранието, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …