Ковачевски: Младите имаат обврска да ја обликуваат сегашноста и иднината во општеството, да го дигнат гласот и да се борат за својата иднина

Ковачевски: Младите имаат обврска да ја обликуваат сегашноста и иднината во општеството, да го дигнат гласот и да се борат за својата иднина

Акценти од обраќањето на претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред младите социјалдемократи, на завршниот настан на Политичката академија за социјална демократија:

Како млади луѓе треба да ја насочите енергијата и креативноста да се борите против неправдата во општеството. Сржта на добрите социјалдемократски политики е битката за еднаквост и поддршка за немоќните и обесправените. Вистинскиот лидер се грижи повеќе за другите отколку за себе и својот личен интерес.

Младите имаат обврска да ја обликуваат сегашноста и иднината во општеството. Како млади и идни лидери не смеете да седите на страна и чекате туку да преземе акција, да го дигнете гласот и да се борите за својата иднина. Гласот на младите и нивните потреби е глас кој јас, како лидер, ќе го слушам.

Особено е важно постојано да се едуцирате и надградувате. Политиката не треба да ја доживувате како можност за брзо вработување и решавање на животните предизивци преку ноќ. Таа треба да биде канал да учите, да напредувате, да се развивате.

Преземајте одговорност за она што го правите, бидејќи тоа е она што вистинските лидери го прават. Преземањето одговорност за одлуките и постапките кои ги правите е она што во суштина ја гради довербата со луѓето околу вас и прави тие да ја ценат вашата работа и труд.

Во периодот кој следи СДСМ мора да се менува, а вие мора да бидете носители на таа промена. Не смееме да дозволиме младите да ја губат довербата во политиката. Изгубена доверба во политиката, значи изгубена доверба во иднината. Наша заедничка обврска е да ја промениме оваа перцепција.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

„Ако ВМРО-ДПМНЕ повторно добие преголема моќ, ќе се соочиме со истото што го гледавме 11 …