Ковачевски на Генералната дебата на Самитот во Рејкјавик: Европа треба да остане обединета, слободна и во мир со интегриран Западен Балкан во европското семејство

Ковачевски на Генералната дебата на Самитот во Рејкјавик: Европа треба да остане обединета, слободна и во мир со интегриран Западен Балкан во европското семејство

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски денеска говореше на Генералната дебата на Самитот на Совет на Европа што се одржува во Рејкјавик, Исланд.

Во продолжение го пренесуваме во целост обраќањето на премиерот:

„Се собравме во Рејкјавик за да покажеме единство, солидарност и посветеност на нашите заеднички вредности во областите на демократијата, човековите права и владеењето на правото соочени со досега невидена агресија против нашата земја-членка – Украина.

Руската агресија против Украина е очигледно кршење на меѓународното право и меѓународниот поредок заснован на правила, што ги разниша нашите постојни мултилатерални структури.

Ние сè уште сме уверени дека мултилатерализмот е единствениот начин да се мобилизира колективен одговор на војните, кризите, вонредните состојби и предизвиците од различна природа.

Украина само сакаше да ги избере својот иден пат и сојузници. И ние го направивме истото кога ја покажавме нашата непоколеблива солидарност и брзо ја исфрливме Руската Федерација од Советот на Европа. Бевме и сè уште сме обединети во барањето одговорност за извршените злосторства. Почнавме да размислуваме и за тоа што правиме добро во Стразбур и каде можеме да се подобриме.

А правиме многу добри работи. Започнувајќи како мировен проект во 1949 година, Советот се разви во светилник на надеж за милиони Европејци преку Европската конвенција за човекови права. Нејзините норми и стандарди придонесоа за подобрување на животот на нашите граѓани.

Денес повеќе од кога било важно е Европа да остане обединета, а Европа нема да биде обединета, целосна, слободна и мирна без Балканот целосно интегриран во европското семејство. Северна Македонија и Албанија заслужуваат да одат напред заедно, затоа што ако напредува соседот на едниот, напредува и другиот. Не треба да оставиме простор за влијание од трети страни, особено од Русија, а најмалку во срцето на Балканот, што е срце на Европа.

Северна Македонија целосно ја поддржува Декларацијата од Самитот и сите анекси. Ние веруваме дека тие обезбедуваат солидна агенда за решавање на проблемите и грижите што ги споделуваме.

Како претседавач со ОБСЕ и членка на НАТО, ние ќе продолжиме да ја покажуваме нашата цврста посветеност на слободата, мирот, просперитетот и безбедноста во Европа. Како и нашата посветеност кон Украина, како што правевме и досега.

Би сакал да му се заблагодарам на исландското претседателство за нивните неуморни напори за успех на Самитот и да му посакам на претстојното латвиско претседателство истата издржливост и посветеност.

Дозволете ми да заклучам со следново: дискурсот што го користи Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот на Руската Федерација кон Украина. Неприфатливо е такви неосновани обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, во овој клучен период за историјата на Европа.

Северна Македонија на меѓународно ниво е признаена како успешно, модерно мулти-етничко општество и демократија, а сите меѓународни извештаи за човекови права го потврдуваат ова.

Обвиненијата што се изнесени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човекови права.

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …