(Видео) МВР: Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, сузбиени три организирани криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога и оружје

(Видео) МВР: Претреси на 27 локации, приведени 15 лица, сузбиени три организирани криминални групи инволвирани во недозволена трговија со дрога и оружје

Соопштение на Министерството за внатрешни работи

Денеска Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции и со учество на тимови од Царинската управа, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи составени од лица од Скопје, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. По добиени Наредби за претреси издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 27 локации во Скопје, и од слобода се лишени 15 лица, на возраст од 20 до 54 години, сите од Скопје, додека по тројца (З.Н., Е.Ш. и Ш.С.) се трага. При извршените претреси, на повеќе локации се пронајдени и одземени кокаин и марихуана кои се предмет на вештачење, муниција, пиштол, патнички моторни возила, поголема сума на девизни и денарски парични средства, мобилни телефони.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација по спроведените претреси и пронајдени предмети, како и врз основа на претходно обезбедени материјални докази, денеска (17.05.2023) до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против 18 лица од Скопје, за сторени вкупно 20 кривични и тоа, против С.Р.(26), Р.Н.(20), А.Б.(37), Д.Г.(39), Е.А.(23), З.Н.(35), Ѓ.А.(34), М.Б.(33), Е.Ш.(25), Ш.С.(31), А.Р.(23) и Б.А.(33) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, против М.Б.(32) за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”, како и против И.А.(38), Д.А.(54), А.С.(27), О.Н.(39) и М.Б.(42) за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”.

За време на спроведеното криминалистичко истражување утврдено е дека целта на формирањето на трите организирани криминални групи е стекнување на противправна имотна корист која произлегува од извршените кривични дела, а во текот на истрагата во неколку различни случаи документирани се продажби на наркотична дрога, оружје и муниција.
Во периодот од јули 2022 до мај 2023 година, А.Р., како организатор, создал осумчлена организирана криминална група со цел купување, држење, пренесување, продавање и посредување во неовластена продажба на кокаин, амфетамин и марихуана во која членувале С.Р., Р.Н., А.Б., Д.Г., Е.А., З.Н. и Ѓ.А. и набавувал дрога од лица од Косово и Албанија која ја криел на безбедни локации во с.Сингелиќ, Скопје, додека останатите членови вршеле нејзина понатамошна продажба на заинтересирани купувачи од Скопје, Велес и други градови во државата. Дел од членовите биле задолжени да ја измерат и спакуваат во помали пакувања за нејзина понатамошна продажба, а останатиот дел од дрогата ја криеле во куќата кај А.Б.. Заради понатамошна продажба, по инструкции на организаторот, А.Б. го ангажирал Д.Г., а тој ги ангажирал Е.А., З.Н. и Ѓ.А. да најдат лица уживатели на дрога, на кои Д.Г. им ја доставувал со свое возило, со цел да ја продадат за сума од 4500 денари до 6000 денари за грам кокаин, од 200 денари до 300 денари за грам марихуана и од 1000 денари до 1500 денари за грам амфетамин. Паричните средства од продажбата ги давале на организаторот, за што истиот им давал одреден процент.

При реализацијата е сузбиена и една десетчлена организирана криминална група, чиј организатор е Б.А., во која дел од членовите биле инволвирани во недозволена трговија со оружје и муниција, додека дел биле инволвирани во недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година, Б.А., И.А., Д.А., А.С., О.Н. и М.Б. делувале организирано, заради неовластено држење, продавање и набавување на поголемо количество огнено оружје и муниција. Организаторот Б.А. од лице од Косово неовластено набавил автоматска пушка „Калашников“ калибар 7.62 мм, а во повеќе наврати од Д.А., сопственик на стрелиште во Скопје и од А.С., управител на стрелиштето, нелегално набавил поголема количина на муниција (800 куршуми калибар 7.65 мм и 300 куршуми калибар 7.62 мм) која ја купувал по цена од 40-45 денари за куршум. За чување и продажба на оружјето организаторот ги ангажирал О.Н. и М.Б. и кога ќе најдел купувачи по негови инструкции О.Н. го земал оружјето од М.Б. од с.Орланци и го носел на договорена локација во Сингелиќ, каде го продавале по цена од 1000 евра. За транспортот О.Н. добивал по 50 евра, додека останатите пари од нелегалната продажба ги задржувал за себе. За набавка на муниција, организаторот го ангажирал И.А., кој од Д.А. и А.С. набавувал муниција и му ја давал на организаторот Б.А. на договорена локација, каде било и заинтересираното лице кое ја купувало за цена од 70-75 денари за куршум.

Дел од членовите на оваа организирана криминална група се инволвирани во уште една организирана група за недозволена трговија со дрога. Во периодот од декември 2022 до мај 2023 година организаторот Б.А. набавувал дрога од лица од Косово и Албанија и ја чувал на безбедни локации, а за понатамошна продажба ги ангажирал членовите во организираната група М.Б., Е.Ш., Ш.С. и М.Б., да наоѓаат купувачи од Скопје и други градови, поради неовластена продажба и пуштање во промет на кокаин и марихуана. Членовите го договарале видот, количината и цената, а по инструкции на организаторот, М.Б. го пренесувал кокаинот од с.Арачиново до Синѓелиќ, каде Б.А. ја продавал на заинтересирани купувачи, додека Е.Ш. пренесувал кокаин и хероин од с.Арачиново и ги продавал на заинтересираните уживатели. За транспорт на дрога го ангажирал и М.Б., кој кокаинот го пренесувал и доставувал на Ш.С. во Шуто Оризари, кој го пакувал и го продавал на лица на подрачјето на Шуто Оризари, за што од организаторот добивал одредена сума на пари.

Лицата моментално се задржани во полициска станица, а по комплетирањето на доказниот материјал ќе бидат изнесени пред надлежен судија.

Прочитајте повеќе

Скопје домаќин на Самит на шефовите на држави и влади од југоисточна Европа

Скопје домаќин на Самит на шефовите на држави и влади од југоисточна Европа

Меѓу гостите во Скопје се претседателите на Албанија, Косово, Црна Гора, но и шефот на …