Ковачевски за Телма: Нивото на политичка култура треба да се подигне, да зборуваме за решенија во интерес на граѓаните

Ковачевски за Телма: Нивото на политичка култура треба да се подигне, да зборуваме за решенија во интерес на граѓаните

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „Топ Тема“ на телевизија Телма истакна дека нивото на политичка култура во земјата треба да се подгигне, партиите да зборуваа за решенија во интерес на граѓаните. Ситуацијата во која живееме денес, во време на здравствена, економска и енергетска криза од политичарите се бара да ги здружат сите сили, на ниво на партија, на ниво на коалиција но и на ниво на држава, без разлика на партиската провиниенција и сите да дадат придонес кон изнаоѓање решенија, рече Ковачевски.

„Јас нема да навлегувам во ниското ниво на политичка комуникација како ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не ми го дозволува прво моето воспитување и начинот на кој што ја имам градено мојата кариера. Треба нивото на политичка култура да се подигне и да разговараме за решенија на проблемите кои што ги имаат граѓаните а не секојдневно да гледаме обвинувања едни кон други, нагласи Ковачевски.

Тој додаде дека во време на криза сите ресурси треба да бидат насочени, особено на владата и на парламентот во носење на закони и решенија за решавање на оваа криза, но и за поддршка на граѓаните и на компаниите.

Доколку се вратиме назад, сведоци сме дека во парламентот имаше кочење на законски решенија за поддршка на граѓаните и за инфраструктурни проекти значајни за развојот на економијата, рече Ковачевски и упати повик до пратеничките групи од сите партии да разговараат за тие да бидат донесени и да значат стимул на економијата и на сите сектори.

Во телефонскиот разговор со Мицкоски реков дека по изборот на новата влада ќе упатам повик до него за да можеме да седнеме да размениме мислења и да поразговараме за отворените прашања, кои особено ги има во парламентарната дебата да најдеме решение за инвестициски, инфраструктурни проекти, и за други закони кои се од интерес за граѓаните, истакна Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …