Канцеларии Беса Транс

Одземена туристичката лиценца на компанијата „Беса травел“

Министерството за економија по 50 дена од автобуската несреќа во Бугарија денеска соопшти дека ја одзело Б-лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса травел“, која што беше подружница за туристичка дејност на „Беса транс“. Нивниот автобус учествуваше во сообраќајната несреќа во која животот го загубија 45 лица во Бугарија.

Претходно, Министерството за транспорт и врски на фирмата „Беса транс“ ѝ ја одзеде и лиценцата за превоз на патници.

Од Министерството за економија информираат дека пристигнал извештај од Инспекторатот за труд што се однесува на лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, според кој има разлика во сите информации за лиценцата кои што ги има таа агенција.

По ова, на вчерашната прес-конференција, министерот за економија Крешник Бектеши рече дека Пазарниот инспекторат ќе направи дополнителна контрола на условите и начинот на функционирање на „Беса травел”.

„Беса Травел“ немаше А-дозвола за да продава аранжмани за странство и да организира тури и тоа го правеше во соработка туристичката агенција „Бест Травел“, која поседува А-лиценца.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да …