Ковачевски

Ковачевски: Неколку големи инвестиции се во тек, фокусот на новата Влада ќе биде во побрза реализација и нови инвестиции

Веќе се потпишани првите договори со третман на стратешки инвестиции кои интензивно се во фаза на реализација, истакна претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за „Топ Тема“ на телевизија Телма.

„Веќе се во фаза на релизација инвестициите како ветерниот парк на големата германска компанија ВПД, кој ќе се протега од Старо Нагоричане до Крива Паланка, големиот соларен парк Стипион, соларниот парк на Акио енерџи и други големи странски инвестиции во големи износи, коишто ќе влезат во собраниска процедура за одобрување“, истакна Ковачевски.

Тој додаде дека со израмнување на третманот на македонските со странските инвеститори, веќе има 380 компании со кои се потпишани договори, и во ТИРЗ-овите веќе има потпишано договори.

„Во време на криза се потпишаа големи стратешки инвестиции, фокусот на новата Влада ќе биде побрза реализација и нови инвестиции“, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за телевизија Телма.

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …