Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

СДСМ има резултати што прават разлика. Има разлика и помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот блок предводен од Левица, рече денеска претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Решенија што прават разлика“ во Скопје.

  • Имаме усогласена политика со ЕУ и земја сме којашто има стратешко партнерство со САД. Нашата визија за иднината на оваа земја е јасна, јавно кажана, и ние посветено работиме за тоа да биде реалност: исполнување на уште една стратешка цел -полноправно членство во ЕУ до 2030 година. Пред неколку дена се вратив од САД, имав бројни средби со високи државни претставници од нашите пријатели, од нашиот најголем и најважен стратешки партнер. Носам силна, јасна и недвосмислена поддршка од САД за нашата земја и за продолжување на европскиот пат на земјата. Со други зборови, европската интеграција не може да биде заложник на политичката кариера на еден човек. Јас вака знам, за мене вака се сака земјата, вака се обезбедува иднината, ова е патриотизам на 21 век, рече Ковачевски.

Од другата страна, кај опозицијата гледаме само блокади и кочење на државата, на проектите, на европскиот пат, додаде Ковачевски.

  • ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат став, немаат визија. Во заложништво на проруската Левица се посветија само на блокади, хистерија од лажни вести и кочење на државата. Ништо друго. Има разлика помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот блок предводен од Левица. Но исто така знам дека во ВМРО-ДПМНЕ има поединци, пратеници, претставници на раководството кои не мислат како Мицкоски и кои искрено, со срце сакаат земјава да го продолжи патот кон ЕУ, додаде Ковачевски на трибината „Решенија што прават разлика“.

Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

Ковачевски: Разликата е помеѓу проевропскиот блок предводен од СДСМ и анти европскиот предводен од Левица

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …