Ковачевски

Ковачевски: Скопјани да бидат спокојни, парно ќе има, Владата ги активираше сите механизми

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова Влада, Димитар Ковачевски на Фејсбук објави дека Владата ги активираше сите механизми, обезбедено е парно греење за скопјани.

„Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска, и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура. Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на вечерашната прес конференција. Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“ стои во објавата на Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Што сака Трамп со партиската конвенција во Далас

Што сака Трамп со партиската конвенција во Далас

Претседателот на САД,  Доналд Трамп,  не е на гласачкото ливче за среднорочните избори на 3 ноември. …