Ковачевски: Стабилно парламентарно мнозинство за поголема ефикасност на Собранието и економски реформи

Ковачевски: Стабилно парламентарно мнозинство за поголема ефикасност на Собранието и економски реформи

Изјава на премиерот Димитар Ковачевски за состојбата со владиното мнозинство после реконструкцијата на Владата:

– Парламентарното мнозинство е силно и стабилно. Реконструкцијата на Владата која ја поднесов не беше водена од персонални или кадровски побуди туку од тоа државата да има стабилно мнозинство, ефикасно Собрание кое ќе може да ги носи економските закони, да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата.

Сите владини партнери се за ефикасно работење на Собранието. Внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници ќе го зацврсти мнозинство и ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата, но и унапредувањето на животниот стандард на граѓаните во сите области. При тоа да не биде Собранието блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тоа е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години.

Јас и вчера кажав дека реконструкцијата која ја поднесов не беше водена од персонални и кадровски побуди, туку од тоа државата да има стабилно мнозинство кое ќе може да ги носи економските закони, кое ќе можи да носи правосудни закони односно реформи во сите значајни области во државата и притоа да не биде блокирано од опозицијата со оглед на тоа дека тоа е единствено нешто што опозицијата го прави во изминатите 2 години.

Сметам дека сите владини партнери се за такво ефикасно работење на Собранието и дека внесувањето на Алијанса која има 8 пратеници дека ќе го зацврсти мнозинство и дека ќе можат многу поефикасно да се носат законите кои значат реформи и унапредување на државата но и животниот стандард на граѓаните во сите област, потенцираше премиерот Ковачевски.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …