Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение а Белиот дворец арамиско гнездо

Талевски: ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение а Белиот дворец арамиско гнездо

„ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција за расипничко трошење на парите на граѓаните, а арамиското гнездо, Белиот дворец, е изграден со злоупотреба на парите на граѓаните“, изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талевски на денешната собраниска седница.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која има 400 обвинети партиски функционери за кои се покренати обвиненија за сторен криминал и злоупотреба на службената положба, за периодот кога биле на власт. Е така сте ги трошеле парите на граѓаните, за што постојат и четириесетина признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. За сето тоа има пресуди со вкупно над 150 години затвор, исто така за функционери на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Талевски.

Тој истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува, а доказ за тоа е начинот на кој ја практикуваат локална власт.

„Во 80 отсто од општините ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Прво на што се сопнавте беше криминалот и корупцијата, со Данела Арсовска се скаравте за тендер, за тоа кој да земе провизии“, посочи Талески.

Прочитајте повеќе

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

Виралниот ТикТок предизвик „Супермен“ испраќа тинејџери и средношколци во болница

На видеа на ТикТок, има деца кои намерно не го прифаќаат ученикот кој скока врз …