(ВИДЕО) Кремљ почна „прецизен“ напад, рускиот конвој е пред Киев

(ВИДЕО) Кремљ почна „прецизен“ напад, рускиот конвој е пред Киев

Руските сили погодија телевизиска кула во Киев, при што загинале најмалку пет лица. Претходно руското министерство за одбрана предупреди дека се подготвуваат да погодат цели во главниот град на Украина, и ги повика жителите на Киев да ги напуштат своите домови.

Руските сили погодија телевизиска кула во главниот град на Украина Киев, попречувајќи го нејзиниот сигнал, објави советникот на украинското Министерство за внатрешни работи Антон Херашченко на социјалните мрежи.

Министерството за одбрана преку твит објави дека некои украински канали нема да работат извесно време откако беше погодена ТВ кулата во Киев и дека резервните програми ќе се емитуваат наскоро.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на Твитер напиша дека најмалку пет лица загинале во ударот што ја погоди ТВ кулата и изрази огорченост што удрил во близина на споменикот во чест на смртта на десетици илјади убиени еврејски мажи, жени и деца кои беа убиени во 1941 година во Бабин Јар набргу откако нацистите го зазедоа градот.

„До светот: која е смислата да се каже „никогаш повеќе“ 80 години, ако светот молчи кога на истото место во Бабин Јар ќе биде фрлена бомба? Најмалку петмина загинати. Историјата се повторува“, напиша Зеленски.

Претходно руското Министерство за одбрана издаде предупредување до жителите на Киев дека се подготвуваат да погодат цели во главниот град на Украина. Во соопштението објавено попладне, руските власти соопштија дека нивните сили се подготвуваат да извршат „напади со висока прецизност“ врз „технолошките центри на украинската служба за безбедност и 72-от главен центар за психолошки операции во Киев“.

„Ги повикуваме жителите на Киев кои живеат во близина на предавателите да ги напуштат своите домови“, изјави портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков, пренесува АФП.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …