Крушево дел од проектот „Малите општини против евроскептицизмот“

Крушево дел од проектот „Малите општини против евроскептицизмот“

Проектот “Малите општини против евроскептицизмот” е спроведуван од апликантот ЛАГ Призаг Хрватска во партнерство со 8 држави од Европа, со финансиска поддршка од програмата “Европа за граѓаните”. Цел на овој проект е да се истажи јавното мислење и да се дебатира за евроскептицизмот во малите општини и руралните средини. Во текот на проектната имплементација во траење од 19 месеци, беа организирани 6 меѓународни настани. Четири од нив беа јавни дебати во кои граѓаните активно ги искажаа своите мислења и ставови за Европската Унија и нејзината иднина. На настаните учество зедоа многу лица од различна националност, возраст, професионално искуство, етничка припадност и верувања како студенти, фармери, јавни личности, пензионери…

На дебатите беа споделени позитивните и негативните ставови поврзани со членството во ЕУ, реализираните проекти и нивниот успех, предизвиците со кои се соочуваат земјите членки и земјите-кандидати за членство во ЕУ, како и интеракцијата со граѓанското општество и институциите. Активното вклучување на младите беше присутно низ целиот проект. Дебатите отворија прашања за евроскептицизмот (причини, закани, грижи, добри практики …) со помош на граѓани, волонтери и други претставници. Проектот овоможи отворена дебата за Европа, перспективите на граѓаните и што би сакале да се промени во иднина за зголемување на квалитетот на животот во локалната заедница.

Прочитајте повеќе

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

ДПИ: Трговците вадат нови производи за да ја „прескокнат“ одлуката за маржите

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за …