Крушево: Се уредува улицата која го носи името на Тоше

Крушево: Се уредува улицата која го носи името на Тоше

ЈП „Комуна“- Крушево се вклучува во тековно одржување на „Улицата на Тоше“, со цел да се обезбеди долготрајност на овој проект произлезен од граѓаните и Општината.

„Изминатите денови го чистевме просторот, банерите се повторно поставени и ќе ги следиме временските услови за да продолжиме со уредување на овој простор. Улицата е еден убав проект на граѓаните во спомен на Тоше Проески, така што ние ќе асистираме и ќе одговараме на барањата со цел да имаме активен придонес во убавиот изглед во овој дел на градот“, изјави вд директорката на ЈП „Комуна“, Станка Ефремова Трајкоска.

Оваа улица е уредена како резултат на граѓанска иницијатива, со поддршка на Општина Крушево. Целта е да се создаде уште едно место кое ќе потсетува на Тоше Проески, а покрај поставените банери на улицата се засадени дрвца и цвеќиња, а 24 часа дневно се емитуваат песни испеани од Тоше. Оваа улица беше уредена во мај 2020 година.

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија