Порталб: Студентскиот дом во Тетово ветен во 2016 година е пред завршување

Порталб: Студентскиот дом во Тетово ветен во 2016 година е пред завршување

Министерството за образование и наука не дава конкретен датум кога ќе заврши изградбата на студентскиот дом во Тетово, а новинарот на Порталб.мк беше на местото каде што се гради објектот и потврди дека работите се речиси завршени. Според договорот, работите мора да бидат завршени за најмногу уште 3 месеци. Станува збор за студентски дом со вкупно 305 легла, пишува Порталб.мк.

Пред една недела, Владата на Северна Македонија на 61-та седница одвои вкупно 11.200.000 денари за студентскиот дом во Тетово, кој се гради во близина на Универзитетот, на патот кон Брвеница.

Инаку, иако во Тетово има два универзитета и седум средни училишта во кои доаѓаат и студенти и ученици од различни градови, ова е првиот јавен студентски дом што во моментов се гради и е при крај.

Во октомври минатата година, Порталб.мк направи интервју со студентка од Република Косово, токму за овој проблем. Притоа, таа рече дека била принудена да патува од Косово во Северна Македонија едноставно затоа што имала проблем да најде некого со кого би ја споделила просторијата за живеење, бидејќи цената да се живее под кирија самостојно е многу скапа.

„Барав и преку интернет и физички, кога пристигнав на Универзитетот, имаше такви кои се двоумеа, па друг пат јас се двоумев, проблем е да прашате некого дали ќе живее со вас, едноставно не можев да најдам цимерка, студентски дом на Универзитетот во Тетово немаше, и сега за обичен документ морам да патувам”, изјави таа.

Таа истакна дека цените за домување не се многу скапи доколку имате цимерка, но не секој, секогаш, сака да ја дели просторијата со уште 3 други лица, така што не е лесно да се најдат цимерки.

„Не, цената е скапа ако сте двајца или сте сами, и нема секој можност да живее со само 1 цимер или да најде уште 3 други“, додаде студентката на Универзитетот во Тетово Б.А.

Според договорот, работите мора да бидат завршени во мај/јуни годинава

Контактирани од Порталб.мк, од Министерството за образование и наука информираа дека проектот се реализира со предвидената динамика, што значи дека треба да заврши во мај/јуни следната година.

„Изградбата на студентскиот дом во Тетово е инвестиција вредна 166,5 милиони денари и истата се реализира во согласност со планираната динамика. Со проектот подготвен од Универзитетот во Тетово, објектот ќе има 305 кревети“, соопштија од Министерството за образование и наука.

Покрај студентските соби, во домот е предвидено да има и технолошка просторија, читална, сала каде што студентите ќе може да вежбаат фитнес, просторија за менза итн.

Домот се ветува од 2016 година

Истиот ден кога Владата на Северна Македонија го одобри законот за основање на Универзитет „Мајка Тереза“, беше најавена изградба на студентски дом во Тетово. Станува збор за 2016 година, при што истата година беше отворен тендерот за изградба на овој студентски дом.

Потсетуваме дека во тоа време министер за образование и наука беше сега починатиот Абдилаќим Адеми.

Сепак, и покрај фактот дека тендерот за изградба беше отворен во септември 2016 година, немаше одлука за започнување на работите, а оваа одлука беше официјално донесена на крајот на март 2018 година и беше предвидено да се финализира во април оваа година.

Инаку, неофицијално од Министерството за образование и наука беше соопштено дека овој објект се очекува да заврши во мај или јуни следната година, така што студентите ќе можат да бидат сместени во овој студентски дом од следната академска година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

Јавен обвинител предложи притвор само за првоосомничениот кој е затекнат при извршување на кривичното дело, …