Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, денеска оствари средба со Братимир Васиљевиќ, претседател на општина Пантелеј, град Ниш.
Повод за денешната средба беше 16.Светско првенство во параглајдерство кое се одржува во Крушево, а во Србија ќе се одржи Европско првенство во истиот спорт.
Градоначалниците разговараа и за проширување на соработката помеѓу двете општини, особено во областа на авантуристичкиот туризам.