Крушевски советници донираа заштитна опрема за Здравствениот дом

Крушевски советници донираа заштитна опрема за Здравствениот дом

Претседателот на Совет на општина Крушево, Тома Петроски и советниците Евгенија Петроска, Евгенија Јуца, Перо Котески, Абуш Изеироски и Агапи Чункоска, донираа заштитни одела и маски Н95 за Здравствениот дом во Крушево.

Како што истакна Петроски, првиот човек на општинскиот Совет, опремата која денеска беше доставена до Здравствениот дом претставува мала помош за здравствените работници од Крушево, но е од големо значење бидејќи е позитивен знак дека Крушево се обединува во борбата со коронавирусот.

„Ние сме тука во служба на граѓаните и институциите и затоа мора сите ресурси и работата да ги насочиме кон справување со кризата. Дониравме заштитна опрема за Здравствениот дом и изразивме голема поддршка за херојска работа на здравствените работници. Сите граѓани кои имаат некаква потреба, ги повикувам да се обратат до Советот, преку кој би се обезбедиле средства за решавање на нивните проблеми настанати како последица на ова тешко време. Исто така, ги повикувам граѓаните да ги почитуваат мерките и препораките, затоа што се работи за нашето здравје“, изјави Петроски.

Претходно, советничката Александра Мијајлеска Стефановска донираше заштитни одела и друга опрема на Здравствениот дом Крушево.

Прочитајте повеќе

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

Денеска гласаат болните, затворениците и дијаспората

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните …