Владата одлучи: Полицискиот час преку неделата ќе почнува од 19, а за викенд од 15 часот

Владата одлучи: Полицискиот час преку неделата ќе почнува од 19, а за викенд од 15 часот

Владата на својот фејсбук-профил информираше дека почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

„Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05 часот наутро до 19 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 05 часот наутро. За лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05 часот наутро до 12 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13 до 19 часот,“ информираат од Влада.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

„Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05 часот наутро. Во сабота, за лицата над 67 годишна возраст ќе биде дозволено движење од 05 часот наутро до 11 часот наутро. Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12 до 15 часот,“ додаваат од Влада.

Прочитајте повеќе

стевчо јакимовски

На Стевчо Јакимовски ќе му се суди одново, Врховен суд ги укина пресудите против него

Јакимовски беше осуден на една година затвор за бесправно градење на општинската зграда во Карпош …