Макрадули: Борбата против вирусот и заштитата на планетата, мора да биде заедничка

Макрадули: Борбата против вирусот и заштитата на планетата, мора да биде заедничка

Соопштение од заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, по повод Денот на планетата Земја:

Денес, Денот на планетата Земја не смее да биде во сенка на КОВИД-19. Впрочем, борбата против вирусот и заштитата на планетата, мора да биде заедничка. Пандемијата многу погласно се придружи на сите млади активисти, љубители на природата и посветени научници и скромни институции, во подигнување на свеста за неопходноста од решителна акција за зачувување на планетата како од вирусот, така и од последиците од климатските промени.

Затоа, пост-КОВИД стратегијата мора да има 3 компоненти:

  1. јакнење на јавното здравје со зајакнување на јавното здравство;
  2. опоравување на економијата која мора да биде циркуларна во својата суштина и
  3. приоретизирање на еколошките предизвици.

Енергетската транзиција не смее да биде жртва на ниските цени на фосилните горива. Патот кон зголемено користење на обновливи извори и масовна примена на енергетската ефикасност, не смее да запре.

Европа потврди дека новиот зелен договор мора да остане центар на опоравување на нивните економии, затоа и кај нас мора посткризната економија да има и социјална компонента и да се опоравува без дополнителни штети врз животната средина.

Мерките против корона вирусот нѐ научија, верувам сите, дека еднаш неделно можат сите на работа и без автомобили, друг ден да работат од дома и сл.

Податоците од светот покажуваат дека населението во местата со зголемени емисии на ПМ2.5 честитки, се поранливи од вирусот.

Затоа, Планот за чист воздух кој предвидува:

– јавните и државните институции да не загадуваат и

– субвенционирањето на домаќинствата за еколошки начини на затоплување,

мора да се реализира во пократок временски период.

Годинава, Денот на планетата мајка, коинцидира со и супер годината на биодиверзитет, како најдобар индикатор за здравјето на планетата.

Само доколку борбата против климатски промени и загубите на биодиверзитетот ги претвориме во одржливи модели, можеме да зборуваме за зачувување на здравјето на планетата земја.

Прочитајте повеќе

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Советот за човекови права на ОН ќе расправа за состојбата со човековите права во Северна Македонија

Работната група на Советот за човекови права на Обединетите Нации (ОН), денеска (2 мај) во …