Крвав вооружен напад во училиште во Русија

Крвав вооружен напад во училиште во Русија

Во напад со оружје во училиште во рускиот град Ижевск се убиени најмалку 13 лица, меѓу жртвите се и седум деца, соопштија надлежните истражни органи.

Бројот на жртви во пукањето во училиште во Русија се искачи на 13, од кои седум се деца и шест возрасни, меѓу нив два наставници и две лица од обезбедувањето, додека бројот на ренети е 21, од кои 14 се деца, соопшти националниот истражен тим. Министерството за внатрешни работи на Република Удмуртија претходно утрово соопшти за шест мртви и 20 ранети. Истражниот комитет ја потврди информацијата на руското министерство за внатрешни работи, според која вооружениот стрелец извршил самоубиство, полицијата го пронашла неговото тело.

Надлежниот гувернер Александер Бречалов на видео објавено на Телеграм настапи видно потресен. Неидентификувано лице упаднало во училиштето број 88 во Ижевск, и откако убило еден од стражарите, отворило оган во училишната зграда, првенствено пукајќи во децата, соопшти гувернерот.

Меѓу жртвите во нападот има повеќе деца
Меѓу жртвите во нападот има повеќе деца

 

Во меѓувреме училиштето е испразнето и опколено, изјави гувернерот, според кого на терен веќе пристигнале припадници на руската Национална гарда, на разузнавачката служба ФСБ и на локалните истражни органи. Шефот на истражниот тим, Александер Бастрикин даде првични детали за напаѓачот: „Тој носел црна маица со нацистички симболи и бил маскиран. Кај него не се пронајдени документи, неговиот идентитет се испитува.“

Ижевск, со околу 650.000 жители, се наоѓа на околу 1200 километри источно од престолнината Москва и е главен град на руската Република Удмуртија.

Вооружени напади во Русија порано беа реткост, но во изминатите години тие зачестија. Рускиот претседател Владимир Путин по последниот инцидент од ваков вид зборуваше за феномен увезен од САД и ги критикуваше ваквите насилни дела како пропратен ефект на глобализацијата.

Прочитајте повеќе

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Извештај на ОН: Климатските промени загрозуваат 70 отсто од работната сила

Меѓународната организација на трудот (МОТ), која е дел од Обединетите нации, проценува дека 2,4 од …