Куманово домаќин на денешната 171 редовна седница на Владата

Куманово домаќин на денешната 171 редовна седница на Владата

Денеска во Куманово, Владата ќе ја одржи редовната 171 седница на чиј дневен ред ќе се најдат повеќе точки од програмата за работа и од интерес на граѓаните.

Во првиот дел на седницата, Владата ќе ја разгледа информацијата за состојбите и извршените посети во текот на денот во општините Куманово, Крива Паланка, Кратово, Липково, Ранковце и Старо Нагоричане.

За активностите на Владата во овие општини, како и за приоритетите од заедничката соработка со локалните самоуправи на општините, ќе бидат донесени одредени заклучоци од дискусијата со градоначалниците на општините од овој регион.

На истата седница министрите во Владата ќе ја разгледаат и информацијата за изготвување „Регистар на програми“ во рамки на програмата „Фонд за млади умови“, што ќе ја презентира Фондот за иновации и технолошки развој.

На оваа владина седница се очекува да биде разгледана и прифатена Предлог – одлуката за давање согласност за потврдување на Спогодбата за присоединување помеѓу Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје и МЈП ПРОАКВА Струга (РЕ Колектор Струга).

На предлог на Општина Крушево, Владата на седницата ќе го разгледа и ќе донесе одлука за барање за финансирање на проект „Изградба на дел од инфраструктура во центар за параглаjдинг во Крушево“.

На предлог на заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, ќе бидат разгледани информацијата за проблемите и потребите на техничките факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, како и информацијата за текот на проектот „Дуално образование“.

На дневниот ред е и информацијата за напредокот на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија”.

Агенцијата за млади и спорт за оваа седница ја подготви информацијата во врска со преземените активности за изработка на Акциски план за 2020 година, за спроведување на Националната стратегија за млади (2016-2025).

Редовната 171 седница на Владата на Северна Македонија во Куманово ќе се одржи во Домот на занаетчиите со почеток во 19:00 часот.

Прочитајте повеќе

Пендаровски и Џафери со честитки

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, …