Куманово: Титулата „Спортист на годината“ за велосипедистот Андреј Петровски

Куманово: Титулата „Спортист на годината“ за велосипедистот Андреј Петровски

Во организација на Општинскиот сојуз на спортови – Куманово, а под покровителство на градоначалникот и општинскиот Совет, Куманово ги одбра најдобрите спортисти за 2019 година.

Титулата „Спортист на годината“ му припадна на членот на Велосипедскиот клуб „Вело М“, Андреј Петровски.

Покрај Петровски, меѓу 10-те најдобри се најдоа и:

  • Матеја Ефремовска – Атлетски клуб „Куманово“
  • Милош Велевски – Кик бокс клуб „Куманово 2006”
  • Марјан Ивановски – Аеро клуб „Куманово“
  • Зоран Ристовски – Велосипедски клуб „Вело М”
  • Александра Боризовска – ЖРК „Куманово“
  • Филип Стојановски – КК „Куманово 2009”
  • Никола Петрушевски – Клуб за бразилска џиуџица „The strongest and ruts”
  • Стефан Кимевски – МРК „Куманово”
  • Емил Цветанов – Велосипедски клуб „Крос сајклинг“

Покрај дипломите, пехарите, признанијата и благодарниците за најдобрите спортисти, тренери, спортски клубови и спортски работници,  во рамките на оваа спортска манифестација беше прикажан документарниот филм на авторот Марјан Стошевски, за 90 годишниот јубилеј на Женскиот ракометен клуб „Куманово“.

Прочитајте повеќе

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Џафери: Новата генерација полициски службеници со амбиција за напредок ја гради сликата за професионална полиција

Претседателот на Владата, Талат Џафери, денеска во Центарот за обука на МВР присуствуваше и се …