Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер со два и пол милиони евра ја ширеле антизападната пропаганда во земјaва

Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер со два и пол милиони евра ја ширеле антизападната пропаганда во земјaва

Словенечкиот интернет портал Нецензурирано (necenzurirano.si) денеска излезе со анализа под наслов „Од каде се милионите за медиумите на СДС и Операција Македонија”, а новинарите Примож Цирман, Весна Вуковиќ и Томаж Модиќ, разоткриваат, како што пишуваат, „октопод” на релација Москва, Будимпешта, Љубљана и Скопје.

Според порталот, најмалку четири милиони евра Унгарците дале за финансирање на медиумско-политичко-разузнавачка операција во Словенија и Северна Македонија. Новинарте на Нецензурирано пишуваат дека за овие тврдења прв пат имаат документи, кои меѓу другото давале и делумен увид во ширењето на унгарското влијание на Балканот.

-Дознаките од странство докажуваат дека највисокото политичко раководство на СДС (Партијата на Јанез Јанша) е вклучено во финансирањето на медиумите блиски на СДС. Имаме сомневања дека станува збор за операција за која дел од парите дошле од руски извори, пишува словенечките новинари.

Според порталот од две унгарски и една англиска компанија кои биле блиски на партијата Фидес, пари „легнале” на сметка на словенечка компанија, па од таму  еден и пол милиони евра биле искористени финансирани за медиуми блиски до Јанез Јанша, а два и пол милиони евра биле дадени на четири медиуми во Северна Македонија. Според графиконот на порталот парите во земјава ги добиле Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер.

Курир, Нетпрес, Алфа и Лидер со два и пол милиони евра ја ширеле антизападната пропаганда во земјaва

Авторите на текстот тврдат дека дел од парите за финансирање на медиуми во Словенија и Северна Македонија доаѓаат од Русија. Тие пишуваат дека се почнало од изградбата на една нуклеарна централа во 2014 година, кога владата на Виктор Орбан одлучила да им ја додели на Русите без јавен тендер. Владимир Путин го смета Орбан за најголем сојузник во Европската Унија, а двајцата политичари ја поддржуваат десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ. Уште во 2017 години повеќе новинари известуваа за активностите на руските разузнавачки служби во ширењето на антизападна пропаганда во Северна Македонија, се наведува во анализата на словенечките новинари.  

Извор: iportal

Оригиналниот текст објавен во словенечкиот интернет портал „Нецензурирано“ читајте го ТУКА

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Ковачевски: Како што Делчев и Илинденците не се откажале, така и ние не треба да се откажеме од борбата за подобра Македонија

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава …