Кузеска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побрзо да кажат на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

Кузеска: Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побрзо да кажат на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Овој одговор би го започнала и со прашање, што сака да прави ВМРО-ДПМНЕ?

Ова е Службен весник каде што е објавена програмата за финансирање за патна инфраструктура на проектот коридор 8 и коридор 10д.

Ова е јавен документ којшто ВМРО-ДПМНЕ сака да го претстави дека е конспиративен.
Нема да им успее затоа што аргументите се тука, ова е документ од Службен весник којшто е достапен за јавноста, достапен за вас, достапен за секој кој се интересира токму за овој предлог, како јавен податок.

ВМРО-ДПМНЕ денеска не кажа ништо спектакуларно, она што го нашправија е само потврда на оваа прес-конференција дека секогаш кога станува збор за реализација на стратешка цел којашто е од национален интерес ВМРО-ДПМНЕ е секогаш против и е секогаш на погрешната страна.

Затоа треба ВМРО-ДПМНЕ да одговори кога конечно ќе кажат на која собраниска комисија сакаат да се зборува, да се разгледува договорот за изградбата на коридорите 8 и 10д.

Јас верувам по нивната логика дека одолговлекувањето им одговара токму поради тоа што им дава време да продолжат да шират лаги, да шират манипулации но и да нанесат штета и на граѓаните и на државата.

Се надеваме дека конечно ВМРО-ДПМНЕ ќе се вразумат и ќе кажат на која собраниска комисија сакаат да се разгледува договорот за овој стратешки национален инфраструктурен проект којшто е најголем од независноста до сега и дека за брзо ќе го дадат одговорот токму на ова прашање.

Прочитајте повеќе

50 години демократија во Грција - позитивен биланс

50 години демократија во Грција – позитивен биланс

На 24 јули 1974 година заврши воената диктатура во Грција. Оттогаш, земјата доживеа подеми и …