Лауреатот Урошевиќ засади дрво за почеток на „Струшките вечери на поезијата“

Лауреатот Урошевиќ засади дрво за почеток на „Струшките вечери на поезијата“

Вечерва со почеток во 20 часот на платото пред струшкиот Центар за култура „Браќа Миладиновци“ ќе се случи свеченото отворање на 62-то издание на фестивалот

Со традиционално садење дрво во „Паркот на поезијата“ неофицијално се означи почетокот на годинешното издание на „Струшките вечери на поезијата“. Дрво во паркот засади годинешниот лауреат – добитник на „Златен венец“ за 2023 година, македонскиот поет Влада Урошевиќ.

„На ова место, не толку големо по површина, колку по суштина се вишнеат дрвјата засадени од некои од најзначајните поети на 20 век: Адонис, Ајги, Вознесенски, Сенегор, Фатос Арапи, Ив Бонфoа, Ален Гинзберг, Махмуд Дарвиш, Маргарет Атвуд, Нанси Морехон, Десанка Максимовиќ итн. Гранките на тие дрвја остануваат симболично продолжение на нивните гласови, на нивните стихови прочитани, токму тука во Струга. Денеска со посебна чест се радуваме дека меѓу овие фиданки ќе биде засадено, ќе расне и виншее и дрвото кое ќе го засади нашиот годинашен лауреат, човекот кој и самиот е вграден во „Струшките вечери на поезијата“ од нивните почетоци пред шест децении, Влада Урошевиќ“, рече модераторката Александра Јуруковска.

Урошевиќ искажа задоволство што ја има честа и неговото дрво да се најде во леата со светските поетски великани.

„Струга има свој мост, дом и парк на поезијата. Прекрасна е идејата секој поет што ќе добие „Златен венец“ да засади дрво. Еден ден овде ќе имаме и шума. Еден ден кога нас ќе нѐ нема ова дрво ќе продолжи да расте и да се развива“, изјави Урошевиќ.

„Струшките вечери на поезијата“ се одржува под мотото „Чувствотворен јазик“ и ќе трае до 28 август. Најавено е присуство на околу 40 поети од државата и 25 од странство.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Известувањата на осигурителните компании за зголемување на цените не содржеле финансиски анализи за изминати периоди, …