Лажна Фејбук страница на КАМ маркети манипулира со граѓаните преку непостоечка наградна игра

Лажна Фејбук страница на КАМ маркети манипулира со граѓаните преку непостоечка наградна игра

Станува збор за фан страница на Фејсбук во која логото на КАМ маркетите, кое иако е слично, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан страницата, која е креирана пред неколку дена. Веднаш по креирањето на фан страницата, почналe да се објавуваат постови за наводни наградни игри со невистинита содржина и манипулација, со цел да добие поголема виралност, поголем број следбеници и да се собираат лични податоци на граѓаните, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, каде со креирање лажна фан страница на КАМ маркетите и со злоупотреба на нивното име, се манипулираат и се лажат корисниците на социјалната мрежа да споделуваат нивни лични податоци во замена за наводни ваучери што ќе ги добијат.

Во конкретниот пост, станува збор за фан страница на Фејсбук во која логото на КАМ маркетите, кое иако е слично, не кореспондира со оригиналното. Истото е злоупотребено и искористено на главната фотографија на фан страницата, која е креирана пред неколку дена. Веднаш по креирањето на фан страницата, почналe да се објавуваат постови со невистинита содржина и манипулација, со цел да добие поголема виралност, поголем број следбеници и да се собираат лични податоци на граѓаните. Во постот што го рецензираме пишува:

Честитки за вчерашниот победник! Денес КАМ маркет повторно нуди бесплатни ваучери за купување на 200 луѓе кои можат да најдат друг број освен 555 на сликата!

Објавата има околу 4.000 коментари, над 580 споделувања и повеќе од 600 допаѓања. Од коментарите под постот, евидентно е дека голем број корисници на Фејсбук и следбеници на оваа фан страница веруваат дека се во контакт со вистинската компанија за продажба на прехранбени производи и дека навистина се доделуваат вредносни ваучери. Но, ова воопшто не е така. Името брендот и логото на КАМ маркети е злоупотребено најверојатно со цел да се собираат лични информации на граѓаните.

Така, во коментарите под постот, може да се види дека лажната Фејсбук страница споделува и линк каде што се повикуваат корисниците да остават нивни лични податоци, со цел да им биде доставена „наградата“ од 5 илјади евра. Ова не е вистинита информација и КАМ маркетите не доделуваат пет илјади евра на корисници. И самата Фејсбук група е новокреирана и лажна и не му припаѓа на официјалниот КАМ маркет.

Дополнително, во коментарите под постот, лажната фејсбук страница ги мотивира корисниците да ја споделат објавата за наводната наградна игра во пет групи „за да им се зголемат шансите да бидат добитници на наградата“. На ваков начин уште повеќе корисници на социјалните мрежи се доведуваат во заблуда и веројатната причина за виралноста на овој пост е токму тоа што бил споделуван во бројни групи.

Крајната мотивација на креаторот на лажната група е најверојатно да собере што поголем број следбеници, за потоа веројатно да ја ребрендира, преименува групата и да ја продаде. Тоа се има случувано и порано. На крајот од 2021 година, уште една лажна страница на КАМ  на сличен начин собираше следбеници и го добиваше своето присуство и популарност на социјалните мрежи. Вистинската страница на Фејсбук на КАМ може да се погледне на овој линк. На официјалната Фејсбук страница има и линк до веб-страницата на КАМ, адреси на маркетите со работно време, нема никаква наградна игра и никој никому не му бара лични податоци за наводна награда што ја добил, како што тоа се прави на лажната страница.

Поради фактот што лажната Фејсбук група на КАМ е отворена неодамна, таму нема наведено адреса и се бараат податоци од корисниците за наводни подароци што ги освоиле, оценуваме дека постот  е невистинит. Граѓаните би требало да проверуваат на социјалните мрежи дали со злоупотреба на нечие лого, некој сака да ги искористи корисниците за свои цели, преку лажен маркетинг и преку измами.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Скандал: Сопруга на градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ избрана за член на Судски совет

Одговор на новинарско прашање на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Наместо реформи гледаме бртална партизација …