Реконструкцијата на автопатот Неготино – Демир Капија во двата правци е завршена и делницата долга 15,4 километри деновиве е пуштена во сообраќај по целата должина. Проектот вреден над 5 милиони евра доцнеше со изведба неколку месеци.

– Се појави дополнително свлечиште, при што и тоа се санираше во должина од 300 метри – информира за „Мета“ директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
Оваа делница на Коридорот 10 имаше најоштетен коловоз, а со реконструктивниот зафат таму се вадел и тампонот пред да се нанесе новиот асфалт. Директорот Китанов информира дека со завршувањето на овој зафат, автопатот од Табановце до Гевгелија летово ќе биде целосно функционален. Ова јавно претпријатие како следен чекор ќе се насочи кон обнова на оштетените делници Хиподром – Миладиновци, Миладиновци – Петровец и Петровец – Хиподром на источниот излез на Скопје.
Реконструкцијата на сите автопатски делници од Коридорот 10 се изведува со сопствени средства од буџетот на ЈП за државни патишта, кој се полни со приходите од патарина, патна такса и акциза. Санацијата на автопатот Неготино – Демир Капија ја вршеше градежната фирма „Гранит“ од Скопје, која работеше по проектна документација изработена од „ГЕИНГ КуК Интернешнл“.
Извор: МЕТА