Лидерите на албанските партии во Македонија на средба со Рама во Тирана

Лидерите на албанските партии во Македонија на средба со Рама во Тирана

Лидерите на партиите на Албанците во Македонија денеска ќе одат на вечерен коктел кај албанскиот премиер Еди Рама. Дел од албанските аналитичари велат дека ова не може да се толкува како мешање во внатрешните работи на Македонија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, по вчерашниот состанок со амбасадорите на САД и на Јадранската повелба, изјави дека средбата во Тирана, околу која се плетат разни сценарија, е новогодишна и без некоја конкретна агенда.

„Според моите информации средбата во Тирана е новогодишна со цел размена мислења за актуелностите во регионот, за очекувањата од новата година и посакувања за поголема соработка. Оваа година се уште ќе биде година на предизвици во регионот. Нема некоја предвидена агенда за која ќе се разговара на неа. Премиерот на Албанија е докажан пријател на Северна Македонија. Посебно тоа го докажа во преговорите со Бугарија, кога буквално некогаш на сметка на интересите на Албанија, се изложуваше кажувајќи ги позициите и на Македонија во тој дел. Не треба да се создаде конспирација по однос на тие средби“, рече Османи на прес конференцијата.

Според него, политичките партии во земјата имаат интерес да ги искористат сите ситуации за добивање политички поени, но понекогаш тоа ги преминува сите граници и испаѓа дека нема фокус на државните интереси туку на партиско-политичките. Претходно, потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани порача дека Билал Касами нема да оди во Тирана бидејќи целта на закажаната средба на лидерите на партиите на Албанците во Тирана е промовирање на нова влада на Димитар Ковачевски, проширена со уште еден коалициски партнер и спас на речиси две години мандат“, изјави Лимани. Беса, според претставници на оваа партија, доби покана за средба од Рама, но нема намера да седи на иста маса со лидерот на ДУИ.

Прочитајте повеќе

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Уапсена директорката на Агенцијата за спречување на корупцијата на Црна Гора

Специјален полициски тим, по наредба на Специјалното државно обвинителство на Црна Гора, на 17 април …