Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува, а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна
Министерот за правда, Кренар Лога изрази сочуство на семејствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски, како и жалење за големата трагедија во која безмилосно се одземени два живота.
„Денеска е тажен ден за Македонија. Потресени сме и шокирани од настанот. Доживотен затвор е најмалата казна која треба да им се изрече на монструмите од оваа трагедија. Верувам во МВР и во ЈО дека на крајот, судот ќе ја изрече соодветната казна и правдата ќе излезе на виделина”, вели Лога.
Во однос на смртната казна, министерот Лога посочи дека Уставот ја забранува, а исто така имаме и усвоени протоколи и конвенции кои ја забрануваат смртната казна.
„Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да преживуваат до крајот на својот живот во нивната свест што имаат направено и секој ден да го доживуваат сѐ потешко. Доживотната казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции“, порача министерот за правда.