(Галерија) Лукаревска: Во изминатите 6 години многу направивме, но не значи дека тоа е доволно

Во рамки на караванот „Рамо до рамо до победа“, заменичката претседател на СДСМ, Сања Лукаревска денеска присуствуваше на маалски средби во Урбаните заедници „Варошко Маало“ и „Корзо“ во Прилеп.

Правејќи кратко резиме на работата на Владата во изминатите 6 години, Лукаревска потенцираше дека и покрај сите проблеми и владеење во кризни времиња, покрај трите Буџети носени во време на економска, безбедносна и здравствена криза, постигнати се резултати од кои и Владата и СДСМ можат да бидат задоволни.

„Но наместо да се пофалиме, ние постојано сме во дефанзива и се браниме. Од 2017 година до денес се бориме со лажни вести, со разни блокади од дома и од надвор, но и покрај се’ успеавме да реализираме 85% од ветувањата. Многу направивме, но не значи дека тоа е доволно. Имаме уште многу домашни задачи кои треба да ги сработиме во остварувањето на европската агенда“, истакна Лукаревска во своето обраќање пред прилепчани.

Таа нагласи дека Владата има доставено негативно мислење на Одлуката на Уставниот суд со кои платите на функционерите се зголемија за 78%.

„Заложбите на Владата се насочени кон враќање на правичноста по однос на висината на платите“, рече Лукаревска.

На средбите со граѓаните на двете прилепски урбани заедници присуствуваа и членката на ИО на СДСМ, Ивона Кузмановиќ, координаторот на Пелагонискиот регион, Благоја Гешоски како и претседателот и секретарот на Општинската организација на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски и Мики Крстев.

Прочитајте повеќе

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Прес-конференција на Миле Талевски, пратеник на СДСМ Почитувани граѓани, Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде …