Македонската игра „Tie Dye“ која е број еден во САД, наскоро ќе се лансира и на кинескиот пазар

Македонската игра „Tie Dye“ која е број еден во САД, наскоро ќе се лансира и на кинескиот пазар

Мобилната игра „Tie Dye“ што ја создаде македонското студио за игри „Furious Avocado“ е број еден во Соединетите Американски Држави откако достигна над еден милион симнувања дневно. Станува збор за „Направи сам“ (DIY – do it yourself) креативна игра со која може да се бои облека според свој избор. Играта е лесно разбирлива и достапна за пошироката публика, пишува МЕТА.

Освен во САД, играта е на првото место и во повеќе од 50 држави меѓу кои Канада, Велика Британија, Германија, Франција, Бразил итн. Наскоро се очекува и нејзино лансирање на кинескиот пазар.

„Многу фактори влијаат на тоа каков успех ќе има финалниот продукт бидејќи се работи за Hyper Casual игра, но самите бројки го покажуваат резултатот. Овој сегмент од пазарот не е баш сатуриран, затоа сме особено горди што сме дел од пазарот каде што сме пионери“ изјави за „Мета.мк“, Наум Михајловски, еден од основачите на играта.

Македонската игра „Tie Dye“ која е број еден во САД, наскоро ќе се лансира и на кинескиот пазар
Тимот на Furious Avocado / Фото: лична архива

Како што вели тој, заедно со Иво Нешковиќ, Марио Ампов, Томи Џуровски, Дамјан Михаилов, Бобан Стојчевски и Јован Матоски веќе неколку години работат заедно, но пред шест месеци основаат свое гејминг студио и соработуваат со нивните издавачи CrazyLabs.

„Идејата за играта ја развивавме во соработка со партнерите, односно издавачот CrazyLabs. Поради трендот со Do it yourself во светот, сакавме да „истрчаме“ со една игра која ќе биде летен хит, но се надеваме дека ќе трае подолго. Тестовите што ги направивме на почетокот за да го почувствуваме пулсот на публиката беа исклучително добри“ додава Михајловски.

За изработка на играта, на тимот му биле потребни две недели интензивна работа, вклучувајќи ги и викендите.

„Поради корона условите се соочивме со нестандарден процес на работа кој ни беше предизвик, но не ја почувствуваме разликата во работата од дома или канцеларија“ вели Михајловски.

Играта најпрво беше достапна за Apple корисниците, а подоцна откако го освои овој пазар, истата доби и Android верзија. Од тимот велат дека постојано работат на проширување на „Tie Dye“, со една до две верзии неделно. Една од нив е надградување со повеќе од 10 јазици, вклучувајќи го и кинескиот кој e важен, со цел играта да се приклучи и на кинескиот пазар.

„Додека работиме постојано се консултираме, разменуваме идеи. Развојот на играта не запира штом таа се објави. Тоа е така со онлајн игрите кои се дел од овој брутален сегмент на пазарот. Во моментов имаме над 100 идеи на хартија, но чекор по чекор. Очекуваме и нов наслов, но ќе ги следиме трендовите“ вели Михајловски.

Прочитајте повеќе

Националниот џез оркестар свири песни од Битлси

Утре Националниот џез оркестар ќе свири песни од Битлси на отворено

Концертот ќе се одржи на новоотворената летна сцена „Славиша Кајевски“ на Македонскиот народен театар Утре …